Како што се шпекулираше, Лионел Меси е прогласен за најдобар фудбалер на светот за 2021 година во традиционалниот избор на магазинот „Франс фудбал“.
Традиционално, но и контроверзно, бидејќи Кристијано Роналдо неколку часа претходно јавно го критикуваше уредникот на францускиот магазин, кој претходно изјави дека Португалецот „го боли“ тоа што Меси има една „Златна топка“ повеќе од него.
По 65-ти пат во историјата, овој понеделник во Париз се одржа церемонијата на доделување на „Златната топка“, по двегодишна пауза поради пандемијата на коронавирусот, кога го немавме најдобриот фудбалер во светот за 2020 година.
Иако многу љубители на фудбалот не се согласуваат со одлуката Аргентинецот да ја добие престижната награда по рекорден седми пат во кариерата, тоа што летово ја освои Копа Америка со Аргентина, веројатно одлучило на крајот.
HERE IS THE WINNER!
SEVEN BALLON D’OR FOR LIONEL MESSI! #ballondor pic.twitter.com/U2SywJmruC
— Ballon d'Or #ballondor (@francefootball) November 29, 2021
Второто место во гласањето го освои напаѓачот на Баерн Роберт Левандовски, според многумина, лауреатот за 2020 година, кога короната го спречи да ја добие највисоката индивидуална фудбалска награда во кариерата. Полјакот и оваа година беше еден од главните фаворити, па многу љубители на фудбалот сметаат дека му била нанесена голема неправда.
Третото место во изборот му припадна на Жоржињо од Челзи, четвртото на Карим Бензема, додека петти беше Нголо Канте, уште еден фудбалер на „сините“ од Стемфорд Бриџ.
Кристијано Роналдо беше само шести во гласањето, седми е Мохамед Салах, осми Кевин Де Брујн, а деветти Килијан Мбапе.