Рекордна сума: Наметката на Супермен продадена за 190.000 долари

Наметката која актерот Кристофер Рив ја носи во филмот Супермен од 1978 година е продадена во понеделникот на аукција за рекордни 193.750 долари. Аукцијата, организирана од куќата Julien’s Auction, била под името „Icons and Idols“.

Наметката на аукцијата била понудена по втор пат, пишуваат американските медиуми.

Меѓу останатите предмети понудени на оваа аукција биле и реквизити и костими од Ѕвездени патеки, вклучувајќи ја и униформата на Патрик Стујард кој ја носел во серијата „Ѕвездени патеки: Нова генерација“. Униформата е продадена за 28.800 долари, а костимот од Deep Space Nine кој го носел легендарниот Леонард Нимој, достигна цена од 20.000 долари.

Меѓу понудените предмети бил и комбилизонот што го носел Ден Ајкројд, во филмот „Истерувачи на духови“, кој е продаден за 32.000 долари.

Осумнаесеткаратниот часовник на Енди Вархол е продаден за 10.240 долати, а две слики масло на платно на Френк Синатра, под името „Синатра/65“ и „Синатра 53“ постигнаа цела од 21.250 долари.

loading...

Слични содржини