Рекордна заплена на Царината на девизи и злато во вредност од милион евра

од Nikola Popovski
219 прегледи

Инспектори од мобилните тимови на Царинската управа вчера на ГП Богородица при контрола на автобус открија и запленија ‪262.750‬ долари, ‪155.760‬ евра и 12 килограми злато и златен накит со проценета вредност од околу ‪600.000‬ евра, информираат од Царинската управа.

Поради постоење сомнеж, автобусот со турски регистарски ознаки управуван од македонски државјанин, кој се движел на редовна линија Скопје – Истанбул (Турција) при излез од земјава бил упатен на детална контрола на царинскиот терминал на ГП Богородица.

 

 

При прегледот е откриен специјално изработен бункер во кој се пронајдени разновиден златен накит и златни плочки со неправилна форма, како и голема количина на девизи.

-Стоката со вредност од вкупно околу еден милион евра и автобусот се привремено задржани и предадени на Одделението за истраги во Царинската управа за понатамошна истрага. Со поднесување на соодветни пријави, случајот ќе биде предаден на надлежното Основно јавно обвинителство, велат од Царината.

Слични содржини