Рекордна заплена: Во Белгија уапсен дипломиран економист од Загреб со дури 2,7 тони кокаин

од Nikola Popovski
569 прегледи

Специјална единица на белгиската федерална полиција пред една недела уапсила 36-годишен загрепчанец Т.Ш., дипломиран економист, кој раководел со повеќе фирми во Хрватска, под сомнение дека заедно со неколку други лица од разни националности, сакал да прошверца пратка од 2,7 тони кокаин.

За време на рацијата во магацинот, бил пронајден кокаинот, кој бил спакуван во вреќи кои штотуку биле истоварени од контејнерот, а претходно бил донесен на пристанишниот терминал во Антверпен. Дрогата е одземена, а дваесетина се приведени и против нив локалното државно обвинителство покрена истрага.

Ова е најголемата индивидуална заплена на кокаин, за која досега е осомничен хрватски државјанин. Заедно со Т.Ш., уапсени се државјани на Белгија, Холандија, Ерменија, Литванија, Мароко и Украина, а белгиската полиција не ги открила околностите под кои се сретнала оваа криминална група.

Откако контејнерот бил пренесен во магацин, полицијата го опколила, а потоа во утринските часови минатиот понеделник упаднала каде затекнале вкупно 11 мажи и едно малолетно лице како истоваруваат дрога, меѓу кои и Т.Ш.

Како што неофицијално дознава „Јутарњи“, хрватската полиција била информирана од белгиските колеги за апсењето на Т.Ш. Инаку, Т.Ш. е лице кое никогаш не бил кривично или прекршочно гонет во Хрватска, туку раководел или поседувал неколку мали фирми, а во помладите денови бил успешен во мал фудбал и играл на неколку турнири.

Фото: vrt.be

Слични содржини