Рекордна заплена во Боливија: Во камион пронајдени повеќе од девет тони листови кока (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Боливиските власти заплениле 9,2 тони листови кока од Перу, соопшти боливиското министерство за внатрешни работи, истакнувајќи дека тоа е една од најголемите заплени до сега.

Полицијата открила вкупно 795 пакети при претрес на камион на пат на Андите, изјави министерот за внатрешни работи Едуардо дел Кастиљо.

Операцијата се случила кон средината на минатата недела, но официјално беше потврдена дури во понеделникот. Дел Кастиљо рече дека листовите кока биле наменети за шверц на дрога и нелегална продажба на територијата на Боливија, преку која минува шверцерската рута од Перу до Бразил и други земји.

Според податоците на Перуанскиот национален совет за развој и живот без лекови, плантажите на кока во таа земја во 2021 година опфаќале 80.381 хектари, а 10 отсто од нив се користат легално, за џвакање и чај.

Според Обединетите нации, Перу, заедно со Колумбија и Боливија, е еден од главните производители на кока и кокаин.

Слични содржини