Дневниот број на жртви од Ковид-19 во Турција достигна рекордни 246 во последните 24 часа, покажаа податоците на Министерството за здравство во петокот, додека бројот на нови случаи се зголеми за 26.410.
Од почетокот на пандемијата, Турција регистрира 1.982.090 случаи на коронавирус, а вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 е 17.610, пренесува Ројтерс.