Рекордни 80 лица на лекување во тетовската болница поради Ковид-19

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Тетовската болница бележи рекордни 80 лица на болничко лекување поради Ковид-19, што не беше случај ниту во ноември 2020, ниту во март/април 2021 година кога имаше голем број болни и починати. Изминатото деноноќие има пет починати и нови 12 хоспитализирани.

– Имаме состанок со сите раководители на одделенија и директори, бројот се зголемува секој ден – 80 хоспитализирани, амбулантски прегледи има над 120, сите тие се со Ковид што значи дека болницата третира околу 230 позитивни лица. Имаме прогноза дека секој ден ќе биде се полошо. Кадарот што користи одмор се враќа на работа и чекаме нови мерки, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор на Ковидцентарот.

Освен во модуларната болница, болни има на двата ката од интерното одделение, инфективното, а пациенти со ковид се хоспитализирани и во специјалната болница во Лешок.

Слични содржини