Рекордни 86.510 стогодишници живеат во Јапонија

од Vladimir Zorba

Бројот на луѓе над сто години во Јапонија за првпат во историјата надмина 86.000 лица, пренесe Анадолија.

Јапонското Министерство за здравство, труд и просперитет објави извештај за статистиката поврзана со стареењето на населението во земјата.

Во извештајот се наведува дека бројот на стогодишници во Јапонија расте 51 година по ред, а за подготовка на извештајот се користени податоци од Евиденција на населението.

Во моментов, во Јапонија живеат рекордни 86.510 луѓе на возраст над сто години, што е за 6.060 луѓе повеќе од минатата година.

Меѓу стогодишниците во Јапонија има 76.450 жени и 10.060 мажи.

Најстарата жена во Јапонија е 118-годишната Танака Кејн од Фукуока, која исто така е запишана во Гинисовата книга на рекорди како најстара личност во светот.

Најстарата Јапонка е 111-годишната Уеда Микизо од Нара.

Од 1963 година, Јапонија објавува годишни извештаи за населението постаро од сто години.

Во 1981 година, во Јапонија живееја нешто повеќе од илјада стогодишници, а во 1998 година, таа популација надмина 10.000. Во 2019 година, Јапонија имаше повеќе од 70.000 стогодишници.

Јапонија има една од најстарите популации во светот. Просечната возраст на жените во Јапонија е 87,74 години, а на мажите 81,74 години.

Слични содржини