Рексам успеа да обезбеди промоција во првата лига три години по ред, а за новата сезона се подготвуваат во холивудски стил.
Каде и да одат, каде и да играат пријателски натпревари, сè е придружено со вистински спектакл.
Но, клубот работи и на еден поважен аспект – доведување засилувања по враќањето во Чемпионшип по 44 години.
Од четврток се шпекулираше дека Рејнолдс и Мелелан подготвуваат нешто многу амбициозно, а потоа во петок англиските медиуми ја објавија веста – Рексам му даде понуда на Кристијан Ериксен.
Ериксен е слободен агент откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед на крајот на јуни. Се чини дека нема да биде лесно.
Агентот на Ериксен изјави за англиските медиуми дека проектот на Рексам е импресивен, но дека тој сака да остане во тим кој игра во највисоката лига, било каде во (Западна) Европа.
Рексам досега ги доведе голманот Дени Ворд, напаѓачот Рајан Харди, играчите од средниот ред Луис О’Брајан и Џорџ Томпсон, левиот бек Либерато Кекехас и офанзивниот играч од средниот ред Џош Виндас.
Ериксен сигурно би бил најголемото засилување на клубот доколку овој договор се реализира.