Студентите од утрово го блокираат Ректоратот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, во знак на револт, против изградбата на две барокни згради во Кампусот и за што сечата на дрва во просторот.
Студентите наведуваат дека со жив штит ќе ги спречат градежните работи на УКИМ, како и дека нема да дозволат да се гради и да се урива универзитетската автономија. Тие потенцираат дека не се против изградба на нови објекти за нивните колеги од факултетите за физичко култура и информатички технологии, но сметаат дека треба да се најдат нови градежни парцели кои ќе ги задоволуваат еколошките, градежните и универзитетски стандарди.
(ВИДЕО) Студентите го блокираат Ректоратот, вработените чекаат во бифето
По блокадата на ректоратот од Студентскиот пленум, се појавија и контрапротестанти-дел од студентите на Факултетот за физичка култура и ФИНКИ, засилени со вработени од „Македонски шуми“
Контрапротестантите дојдоа за да засадат сто дрвја, кои всушност ги садеа од „Македонски шуми“ во близина на местото каде треба да се градат факултетите.
