РЕЛОКАЦИЈА ВО ГЕРМАНИЈА: Зошто за многу работници истокот на Германија не е опција?

од Vladimir Zorba
242 прегледи

На истокот на Германија му требаат луѓе, не само од странство, туку и оние кои отидоа во западните делови на земјата по повторното обединување, изјави владиниот комесар за истокот на земјата, Карстен Шнајдер, пренесе ДПА.

Покрај странските имигранти, според него, на Источна Германија и требаат и луѓе кои од таму заминале во Келн, Минхен и Хамбург, изјави Шнајдер за телевизијата АРД во четвртокот.

А за да дојдат луѓето, објасни тој, не е доволно само да се понуди работа, клучно е да има космополитска клима.

Прашањето дали луѓето сакаат да се преселат во региони каде што екстремно десничарските партии се толку силни не треба да се игнорира, рече Шнајдер, мислејќи на сојузните покраини во источна Германија.

Шнајдер, по потекло од Тирингија, додаде дека и самиот ќе мора добро да размисли за враќањето во татковината.

Во септември има избори во Тирингија, Саксонија и Бранденбург, каде во моментов води десничарската Алтернатива за Германија (АфД).

Источна Германија беше упориште на екстремно десничарските движења и партии како што се Пегида и Националната демократска партија на Германија (НПД), која неодамна беше наречена Татковина (Хајмат).

Локалните и државните избори се клучни во следните пет години за Источна Германија, бидејќи тие ќе покажат дали постои клима во која компаниите можат да примат работници од други региони, рече Шнајдер.

Премиерите на источните сојузни држави во четврток се во Берлин, каде со претставници на сојузната влада разговараат и за подобрување на здравствената заштита на истокот.

Во многу источни региони, особено во селата, здравствената заштита станува проблем бидејќи постарите лекари заминуваат во пензија.

Слични содржини