Ременски: Ќе биде подобро ако јавната обвинителка се изземе од предметот

од Nikola Popovski

Второобвинетата во случајот „Меѓународен Сојуз“, Фросина Ременски истакна дека ќе ја докаже невиноста во овој случај.

Според неа, бизнисмените Силјан Мицевски и Адријан Азмоски, за кои во обвинението се тврди дека биле рекетирани од страна на невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски, биле поддржувачи на СДСМ.

„Двајцата се поддржувачи на мојата политичка партија од која што сум дел, и средбите со нив биле на друго ниво, а не во врска со оваа организација“, вели Ременски.

Според неа, обвинителството решило да не ги земе во предвид доказите и аргументите.

„Сметам дека ќе биде подобро јавната обвинителка да се изземе од предметот, имајќи во предвид дека имаме силни аргументи дека има сериозна намера во обвиниението поврзано со мене“, рече Ременски.

Слични содржини