Ременски за членувањето на Божиновска: Срамота и катастрофа, актерката посакуваше бесилки за граѓаните

од Nikola Popovski
404 прегледи

„Ако за Бујар Османи и за Владата им е прифатлив говорот за “Ноќта на ножевите”, нектолозите за дипломатите на стратешките земји поддржувачи на Македонија и се’ што актерката вресна во тие хистерии пред ДИК, тогаш навистина имаме проблем“, вака поранешната пратеничка и министерка, Фросина Ременски ги коментираше најавите на МНР дека во Стратегискиот совет ќе членува и поранешната пратеничка на ВМРО-НП, а потоа и функцонерка на ВМРО-ДПМНЕ, Валентина Божиновска.

Според неа, „ова е срамота, катастрофа и навреда за сите што таму седат на иста маса, за сите свесни граѓани на оваа земја, и за сите политичари кои носеа државнички одлуки за иднината на оваа земја, додека актерката во транс ги нарекуваше Јуди и им посакуваше бесилки – НАВРЕДА за сите кои се бореа за европските вредности кои таа ги ругаше во говорите пред државните институции во името на Никола Груевски“.

„Пред да барам, ДА СЕ ИЗВИНАТ НА СИТЕ, кои браневме европски вредности, барам да го ПОГЛЕДНЕТЕ едно од последните видеа од говорите на Валентина во декември 2016 година пред ДИК“, објави Ременски.

На еден од тие собири, Божиновска, тогашна претседателка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи рече: – Да ги поздравам бранителите, оваа вечер е вечер на ножевите, оваа вечер е вечер или на разумот или на лудилото на еден човек. На последниот македонски предавник Зоран Заев … Ќе се случи еден ден во кој ќе кажеме „елате браќа и сестри да се собереме и да тргнеме, да видиме кој ќе ни биде цар, а кој шпион…рече тогаш Божиновска.

Професори и академици, поранешни министри, пратеници и амбасадори… влегоа во Стратегискиот совет за надворешна политика што го формира шефот на дипломатијата Бујар Османи, а кој беше промовиран денеска.

Слични содржини