Ренато Санчез пристигна во соседството за изненадувачки потпис

од desk2
6 прегледи

Некогаш беше огромен талент на португалскиот фудбал. Го споредуваа со големите фудбалски ѕвезди, му предвидуваа блескава иднина. Затоа Баерн Минхен уште на негови 18 години загриза и го донесе во своите редови, но португалскиот фудбалер Ренато Санчез како да „потона“, и никогаш не беша ниту блиску од она кое му се предвидуваше, пишува „Екипа“.

Баерн Минхен се обидуваше да го „оживее“ и го испрати на позајмица во Свонси, па откако не успеа, го продаде на Лил. Таму се врати колку толку, па после три години потпиша за ПСЖ. Но, и таму одново „потона“, па потоа следуваа позајмици во Рома и во Бенфика. Но, на играчот од средниот ред веќе му дојде преку глава од нови позајмици, и сега ќе оди во Грција за да ја оживее кариерата.

Според информациите од грчките медиуми, Португалецот денеска слетал во Атина на потпис на договор со тимот на Панатиниакос, пишува „Екипа“. 27-годишниот фудбалер би бил големо засилување за „зелено-белите“ од Атина во обидот да стане првак на земјата, но и во Европа, каде грчката екипа се наоѓа пред промоција во групите во Лигата на Европа, откако вчера на домашен терен со 2-1 го совлада Самсунспор во првиот меч од плеј-офот.

Слични содржини