Две ирански компании во техеран потпишаа договор со францускиот производител на автомобили Groupe Renault за производство на 150.000 автомобили.

Иранската државна агенција IRNA јави дека договорот, најголем кој таа земја го има во автомобилската индустрија, е вреден 778 милиони долари, а производството треба да почне следната година.
Се очекува дека ќе бидат отворени 3.000 работни места во две ирански компании државната IDRO и приватната Негрин груп.
Договорот е потпишан по историската нуклеарна спогодба меѓу техеран и шесте светски сили во 2015 година, која предвидува укинување на меѓународните санкции кон Иран во замена за ограничување на нуклеарната програма.
Францускиот производител на автомобили PSA Peugeot Citroen, минатата година потпиша договор со иранската компанија Kodro за отворање фабрика која же произведува 200.000 возила годишно.
Во Иран ќе се произведуваат околу 1.350.000 возила годишно, а властите се надеваат дека до 2025 година таа бројка ќе надмине три милиони.