Веќе видовме како ќе изгледаат телефоните во серијата Pixel 4, а освен тоа и Google одлучи да ги
отфрли гласините откако го покажа задниот панел на еден од уредите во неа, што го потврди
присуството на тројна главна камера во квадратна зона.

Додека ја чекаме премиерата на телефоните, од @onleaks доаѓа нова порција рендери од
поголемиот уред, кој детално ги прикажува предните панели. Сликите покажуваат присуство на
поширока горна рамка во која е поставена двојна селфи камера, плус два сензори со непозната
намена.
Според информациите, дисплејот е со дијагонала околу 6.25-инчи, а од фотографиите се гледа дека
под него ќе има малку поширока рамка. @Onleaks тврди дека сликите вклучуваат шуплина со
некоја непозната празнина до слушалката – тоа може да е за модул за 3D препознавање на лицето
или за сензор за управување на телефонот преку гестови.
Сензор за отпечатоци не се гледа, што сугерира дека може да е вграден во екранот. Димензиите на
уредот се 160.4 x 75.2 x 8.2 мм со дебелина кај камерата 9.3 мм. Засега нема податоци за главната
конфигурација на камерата, но може да има и втор сензор со телефото оптика и дополнителен 3D
ToF сензор.