Оваа есен, OnePlus не само што ќе лансира нов телевизор, туку и очекуваме компанијата да ја
продолжи традицијата и да објави ажурирана верзија на своите актуелни предводници, OnePlus 7 и
7 Pro.

Очекуваме OnePlus 7T и 7T Pro да бидат промовирани на 26 септември со првиот ТВ на
компанијата, а додека чекаме на официјалната премиера, @OnLeaks и страницата Pricebaba ни
покажаа рендери врз основа на цртежи на CAD од производители на додатоци. @OnLeaks посочува
дека OnePlus 7T ќе има и специјално издание во соработка со McLaren.
Според информациите, OnePlus 7T ќе има димензии од 161,2 x 74,5 x 8,3 mm, а на задниот панел ќе
биде додадена и тројна главна камера со хоризонтална ориентација во кружна зона, што ќе биде
надградба над двојната во OnePlus 7.
Задниот панел е позаоблен и изработен од стакло, а во дисплејот (најверојатно AMOLED) со
дијагонала од 6,5-инчи има „teardrop“ пресек за предната камера и можеби сензор за отпечатоци.