Во Националниот парк засега само директорот е единствениот вработен, а се најавуваат вработувања со кои ќе има и работа на терен со цел да има заштита на природната средина.
„Во годинава што измина од формирањето на Националниот парк Шар Планина работев сам во институцијата, но соработував со тим и имавме соработка и со другите институции како Шумската полиција, редовната полиција, Општините и други институции. Соработуваме со граѓаните,тие се најдобрите чувари за Шар Планина. Јас сум на Шара 35 години активен ги знам сите проблеми и предизвици, така што сум секој ден со граѓаните што се таму. Има потреба за активности како што се за дрва маса и или пак за нелегални активности со кои се справуваме, како што е ловот и другите нелегални активности, изјави директорот Ибрахим Дехари .
На јавната дебата присуствуваше и министерот за екологија Насер Нуредини кој потврди дека во некои работи се доцни посебно во делот на вработување на лица кои ќе работат во паркот.
„ Очекуваме веќе наредната недела да ја отвориме канцеларијата на Националниот парк, а за вработување на лицата ренџери еве ќе зборуваме и на денешната дебата. Знаеме дека таму има нелегална градба па затоа Инспекторатот за градба мора постојано да биде на терен како и локалните институции за да ја спречат нелегалната градба“, посочи министерот Нуредини.