Одложениот натпревар од групата А меѓу Ренџерс и Наполи во Глазгов им припадна на „наполитанците“ со убедливи 3:0, но овој дуел нема да се памети по резултатот.
Италијанците отпатуваа во Шкотска во време кога цела Велика Британија тагува за смртта на кралицата Елизабета Втора, а натпреварот се одигра 24 часа подоцна од првично предвиденото поради недоволен број полицајци како би се обезбедило сѐ да помине мирно.
Имено, речиси сите расположливи полициски сили се ангажирани за обезбедување на погребот и поради таа причина Шкотите донесоа одлука да забранат доаѓање на гостински навивачи, а целиот натпревар се одвиваше во знак на збогување со кралицата.
Британската химна се пушташе преку разглас, иако УЕФА се противеше. Исто така ја немаше препознатливата мушама пред почетокот на натпреварот, а навивачите ја обоија трибината со знамето на Велика Британија.
Фудбалот некако беше во втор план, а таму играчите на Ренџерс по 0:0 во првото полувреме доживеаја дебакл во второто. Три примени гола од 68. до првата минута од судиското надополнување, исклучување и убедливи 0:3 за Наполи, со еден поништен гол.