Го сметаат за вистинска тврдина на салафизмот – босанското село Горна Маока. Таму се вејат знамиња на ИД, а многу од локалните веќе заминаа на џихад во Сирија и во Ирак. DW го посети ова планинско село.
Горна Маока е сместено во планините во североисточна Босна. Овци пасат кротко по пасиштата, со кои е посеана планинската месност. Овца – тоа е и цената што ја бараат жителите на селото, за да разговараат со нас.
Босанските власти од почетокот се сомневаат дека во ова село вирее идеологијата на “Исламска држава” (ИД) и има широко одобрување. Нешто повеќе дури: многу локални младинци веќе заминале да се борат на страната на џихадистите.
Едис Босниќ е нешто како портпарол на жителите во селото околу 200 лица. 35-годишниот маж се однесува учтиво, но не крие дека е восхитен од идејата на исламистите за создавање на глобален калифат – една држава за сите муслимани во која луѓето, кои го исповедаат исламот, конечно би требало да живеат безгрижно. И во која секој требало да има пасош, во кој ќе пишува дека веруваат во Аллах и во пророкот Мухамед.
“Тука не ги почитуваме законите”
Босниќ пуштил долга брада и носи молитвена шапка на главата. на Твитер е следбеник на радикални салафити. На пример на Абу Мутана, кој става снимки за “Исламската држава”. Приврзаник е исто на исламскиот “Фронт Ал Нусра”, која е дел од Ал Каеда и се борел во Сирија.
Многу новинари раскажуваат дека виделе во селото како се веат знамиња на “Исламска држава”, а полицијата неколку пати има извршено претрес. Кога пред четири години жител на Горна Маока пукаше во американската амбасада во Сараево, во селото беа извршени неколку апсења. Едис Босниќ, кој исто така паѓа кратко во затвор, признава дека Горна Маока живее во паралелен свет: “Овде не ги почитуваме законите, не ги прифаќаме. Ниту во главите, ниту во нашите срца. Зошто ли? Зашто беше нефер да не фрлат во затвор “, вели 35-годишниот маж.
“Стратфор”: Клучниот играч на Блискиот Исток е Турција
Околу 200 Бошњаци се борат во Сирија и во Ирак. Меѓу нив и луѓе од Горна Маока. Тие стигнуваат дури до салафитските средини во Виена, на пример до радикалниот проповедник Ебу Тејма, против кого во Грац се води судски процес. Мијо Кресиќ, заменик-министер за прашањата на внатрешната безбедност, признава:
“Очигледно сме потцениле некои опасни случувања. Бидејќи бројот на луѓето кои со своите постапки го кршат Уставот, прерасна во голема бројка. Тоа се луѓе кои сакаат да живеат според законите на шеријатот, наместо во една демократска држава”, вели зам.- министерот.
Село Горна Маока и некое далеку надвор од границите на Босна. Салафитите во Германија исто така знаат за него и во меѓувреме почнаа да собираат донации за неговите жители. Едис Босниќ, кој сонува за ислам без граници, веќе крои планови за иднината:
“Кога еден ден Босна ќе влезе во ЕУ, тоа ќе ни отвори многу нови врати. Тогаш би можеле да ги развиваме своите активности и на други места. И би можеле да го предадеме нашиот прекрасен ислам и на Германците”, вели мажот.
Во самата Босна веќе се забележува ползечка исламизација, а централна улога во овој процес играат саудиските петродолари. Со пари од Саудиска Арабија е изградена најголемата босанска џамија. Со саудиски средства беа подигнати и два огромни трговски центри, во кои има простории за молитва, а продажбата на алкохол е забранета.

