Во 2022 година, во затворите ширум светот имало 533 новинари, што е за 40 повеќе од претходната година, кога веќе беше пријавено историско ниво, се вели во годишниот извештај на Репортери без граници.
Бројот на загинати новинари (57), пред се поради војната во Украина, исто така се зголемува во споредба со 2021 година (48) и 2020 година (50).
Повеќе од половина од затворените новинари во светот на денот први декември се во овие пет земји: Кина (110), Мјанмар (62), Иран (47), Виетнам (39) и Белорусија (31).
Иран е единствениот кој минатата година не се најде на таа „црна листа“, посочува невладината организација која го објавува годишниот извештај од 1995 година.
Всушност, од почетокот на протестите во септември, Исламската Република приведе голем број медиумски работници.
Триесет и четири нови новинари им се придружија на оние кои беа зад решетки и пред протестот, а ги имаше 13.
„Диктатурата и авторитарните режими забрзано ги полнат затворите со новинари“, предупреди Кристоф Делоар, генерален секретар на невладината организација за заштита на слободата на медиумите.