Репортерот кој ги открил масовните гробници во Сребреница се врати на местото на масакрот

од Vladimir Zorba
158 прегледи

20 години подоцна репортерот, кој ги открил масовните гробници на Босанците крај Сребреница, повторно се врати на местото на масакрот. Дејвид Стивенсон  Роде, кој сега работи како истражувачки новинар за новинската агенција Ројтерс, ја доби наградата “Пулицер” во 1996 година за покривање на масовното убиство на над 8 илјади Босански муслимани.20150711.pdosddvkts

Во 1995 година Роде работи како новинар за меѓународната новинска организација „Christian Science Monitor“. Тој стана првиот новинар,  кој нашол докази за масовно етничко чистење на босанските муслимани крај гратчето Сребреница.”Пред 20 години во САД се раширија фотографии направени со шпионски авион, на локалитетот, кој се сомневаше дека е користен како масовна гробница. Тие ме доведоа тука во пребарување на докази за тоа “, раскажува Роде.

Нападот на заштитената зона од ОН, Сребреница, од силите на босанските Срби започнува на 6 јули 1995 година и завршува пет дена подоцна со влегувањето на силите на босанските Срби, предводени од Ратко Младиќ, во градот. Во тоа време во градот бил сместен холандски баталјон од силите на ОН.  До 19 јули војниците под команда на Младиќ убиле систематски околу 8.000 муслимански мажи и момчиња и за два дена депортирале околу 30 илјади жени и деца.

“Не најдовме докази, додека не дојдовме токму во оваа месност. Забележавме траги од свежо ископано земјиште во кое најдовме дел од човечка нога. Секоја година нови и нови жртви се идентификуваат. Босанските Срби сепак продолжуваат да го негираат тоа што се случило. Белград не го признава тоа што се случило за геноцид, а само пред неколку дена Русија стави вето во ОН против употребата на оваа дефиниција. Доказите сепак постојат и се шокантни “, раскажува уште репортерот.

Масакрот во Сребреница беше признат од Меѓународниот трибунал и Меѓународниот суд во Хаг за геноцид. Секоја година на 11 јули во Меморијалниот комплекс Поточари се погребуваат новите идентификувани останки на жртвите од масакрот. Обвинети беа водачите на босанските Срби, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ. Процесите против нив уште не се завршени.