Репрезентација преку оглас на социјалните мрежи бара селектор

од Nikola Popovski

Челниците на Фудбалскиот сојуз на Боливија решија да пронајдат нов тренер на уникатен начин, преку оглас на социјалните мрежи.

„Отворена е поканата за доставување биографии во изборот за нов селектор на репрезентацијата. Домашните и странските стручњаци можат да ги испраќаат своите апликации до 29 јули“, се вели во огласот.

Неодамна Цезар Фариас ја напушти Боливија откако не успеа да се пласира на Светското првенство во Катар.

Три пати учествуваа на светските првенства, последен во Америка во 1994 година, а еднаш ја освоија Копа Америка во 1963 година.

Најкорисен фудбалер во Боливија според „Трансфермаркт“ е напаѓачот на Ориенте Петролера, Анри Вака (800 илјади евра).

Слични содржини