Републиканските претседателски кандидати се соочија во првата дебата од кампањата за изборите во 2024 година, при што фаворитот Доналд Трамп не учествуваше во дебатата.
Шест од осумте кандидати рекоа дека ќе го поддржат поранешниот претседател како републикански кандидат за Белата куќа во 2024 година, дури и ако тој биде осуден за кривично дело, пренесува „Гласот на Америка“.
Поранешниот потпретседател Мајк Пенс, гувернерот на Флорида Рон ДеСантис, поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли, сенаторот Тим Скот, технолошкиот претприемач Вивек Рамасвами и гувернерот на Северна Дакота Даг Бергам се изјаснија дека би до поддржале Трамп.