Републиканците ликуваат поради хаосот на изборите на демократите во Ајова

од Aleksandar Petrovski
261 прегледи

Републиканците во САД жестоко ја критикуваат Демократската партија поради доцнењето на резултатите од првите избори во Ајова за претседателски кандидат, оценувајќи дека тие „не можат да организираат ни партиски собир, а сакаат да ја водат владата“.

– Демократите јадат попара која сами ја надробија, во најнесмасниот хаос во историјата, изјави Бред Парскал, менаџер на кампањата на актуелниот претседател Доналд Трамп. Одложувањето на објавата на резултатите тој го оквалификува како неуспех.

„Не можат да изведат ни кокус, а сакаат да ја водат владата. Не, благодарам“, напиша Парскал на Твитер.

Кокус (caucus) подразбира собир, кој може да трае неколку часа пред присутните да го изберат својот кандидат. Вакви собири се одржуваат само на неколку локации, од кои една е Ајова.

Резултатите од гласањето не беа објавени според програмата, а беше соопштено дека ќе има големо доцнење затоа што има „недоследност во податоците” и е во тек „квалитетна контрола на гласањето“.

Кејли Мекенани, прес-секретарка на кампањата на Трамп, одложувањето нго нарече „посебно“ и ги праша демократите дали ги „преправаат“ своите кокуси во Ајова.

„Тоа што демократите не се во состојба да известуваат ни за резултатите од сопствените избори е најсовршена метафора за почетокот на 2020 година“, напиша на Твитер Ендру Кларк, директор за брза реакција во кампањата на Трамп.

Слични содржини