Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо изразил желба до раководството на клубот и тренерот Рубен Аморим да му биде дозволено да се пресели во Наполи, тврди италијанското издание Corriere dello Sport.
Аргентинецот разговарал и со тренерот на „партенопеите“, Антонио Конте, кој исто така бил доста убедлив кон крилниот напаѓач во неговата желба да го привлече во својот тим.
Подоцна денеска се очекува нов состанок меѓу шефовите на „црвените ѓаволи“ и спортскиот директор на Наполи, Џовани Мана, на кој двете страни ќе се обидат да постигнат договор околу трансферот.
Corriere dello Sport додава дека Италијанците сега се подготвени да ја зголемат понудата на 60 милиони евра за да ги убедат своите колеги од Манчестер Јунајтед да ја прифатат.
Самиот Гарначо е цел број еден на Антонио Конте како замена за Хвица Кварацхелија, кој пред неколку дена беше продаден на ПСЖ.
Алехандро Гарначо го загуби стартното место по пристигнувањето на Рубен Аморим на „Олд Трафорд“ и изгледа сè поверојатно дека ќе го напушти тимот со соодветна понуда која би ги задоволила 20-кратните шампиони во Премиер лигата.
Самиот фудбалер е искушуван од можноста да се пресели во Наполи, каде што верува дека ќе се чувствува многу поценет.
„Партнопеите“ се лидери во поредокот во Серија А и имаат многу реални шанси да станат шампиони на Италија.