Спектакуларната трансформација на дел од каналот Гранде во Венеција во флуоресцентно зелена се должи на флуоресцеинот, нетоксична супстанца која се користи за тестирање на отпадна вода, заклучија локалните власти по истрагата.
Жителите беа вознемирени од светло зелената боја на венецијанскиот канал, а полицијата потоа спроведе темелна истрага. Се шпекулираше дека зад се стојат еколошки активисти и борци против климатските промени.
Регионалната агенција за превенција и заштита на животната средина утврди присуство на флуоресцеин во земените мостри. Не е утврдено ниту присуство на токсични материи, пишува „Гардијан“.
Ова не е прв пат овој канал да позелени. Во 1968 година, аргентинскиот уметник Николас Гарсија Урибуру ги обои водите на каналот флуоресцентно зелено за време на 34-от филмски фестивал во Венеција за да ги нагласи еколошките проблеми.
Сепак, за разлика од претходните случаи, ниту една активистичка група не презеде одговорност за последниот настан во Венеција.