Решена ситуацијата во Слупчане – струја мора да се плаќа, порача Бектеши

од Nikola Popovski
309 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши информираше дека екипите на ЕВН ќе влезат во с. Слупчане и ќе ги отстранат дефектите и ќе направат надградба на дистрибутивната мрежа., откако селото и уште три други во липковско останаа без електрична енергија.

-Министерството за економија креира клима се со цел да се намалат загубите на електрична енергија во пренос или преку делот на кражбите. Јас лично сум вклучен со цел да им порачаме на сите граѓани дека електрична енргија мора да се плати секаде и тоа ќе биде така. Секој граѓанин треба да го плати тоа што го должи како струја. Така функционира економијата. Ние сме посветени со цел загубите да бидат минимални, кажа Бектеши во изјава за медиумите, информирајќи дека загубите во одредени население места веќе се намалени.

Според него, ЕВН има право да постапи, како што има обврски да ја награди мрежата.

-Целта на ЕВН е секојдневно да ги подобри услугите на граѓаните. Ќе биде решена денеска ситуацијата. Разговарав со градоначалникот Арифи, кој заврши одлична работа, колку што имам информација, разговараше со сите населени места, ако треба да помогнеме како Министерство за економија ќе помогнеме, за да излеземе во пресрет на жителите не само во Слупчане туку и во другите населени место, кажа Бектеши.

Слични содржини