Бремената Меган Маркл е снимена во Монтезит, Калифорнија откако принцот Хари се врати во САД од Велика Британија.
Војвотката од Сасекс беше фотографирана со нејзиниот син Арчи во рацете. Меган носеше панталони, зелена јакна и црна маица што го истакнуваше нејзиниот голем стомак, како и рамни затворени влечки. Поранешната актерка треба да се породи ова лето, а носи девојче.
Таа носеше ранец со играчки на раката, а Арчи беше облечен во панталони, елек, патики и капа на главата и ранец на грбот. Последен пат синот Арчи бил виден во јавноста во септември 2019 година, кога Меган и Хари беа дел од кралското семејство.
Меган не присуствуваше на погребот на принцот Филип затоа што докторот ѝ препорачал да не патува поради бременост, но изворите открија дека таа се слушнала си кралицата и ѝ испратила цветен букет со ракописна посвета на дедото на Хари.
Хари се врати во САД неколку дена по погребот и не остана во Лондон поради 95-от роденден на неговата баба, кралицата Елизабета.
Бидејќи парот ги напушти кралските должности и се пресели во САД, вистинска реткост е да ги гледате во јавност, па овие фотографии изненадија многумина.