Ретклиф: Купувањето на Мбапе не е паметна одлука

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Новиот сопственик на Манчестер Јунајтед – Џим Ретклиф, зборува за трансфер стратегијата на клубот за наредните години.

„Попрво ќе го најдам следниот Мбапе отколку да потрошам богатство за купување успех. Купувањето на Мбапе не е толку паметно, секој може да го разбере тоа.

Решението не е да се трошат многу пари на неколку големи играчи. Тоа го правевме ако ги погледнете последните 10 години. Првото нешто што треба да направиме е да ги поставиме вистинските луѓе на вистинските места за управување и организирање на клубот. Мораме да се погрижиме да го добиеме вистинскиот кадар, тоа е голем дел од водење на фудбалски клуб – правилно да го избереме персоналот, да избереме нови играчи“, рече Ретклиф.

Ретклиф го заврши купувањето на 27,7% од акциите во клубот во февруари. Во англискиот клуб вложил 200 милиони долари, а уште 100 милиони ќе бидат обезбедени до 31 декември 2024 година.

INEOS, чиј претседател е милијардерот, сега е одговорен за сите фудбалски операции во Манчестер Јунајтед.

Слични содржини