Ретклиф отпушти уште еден од старите директори на Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Уште еден од директорите на Манчестер Јунајтед во изминатите години е ослободен од новата управа во лицето на Сер Џим Ретклиф, објави „Атлетик“.

Станува збор за Енди О’Бојл, кој ја извршува функцијата заменик директор за фудбал од летото 2022 година. Работеше во тандем со Џон Мурто, кој замина пред шест месеци.

За О’Бојл (на сликата десно), тоа беше негов втор претстој во клубот, откако беше тренер во школата пред речиси 20 години.

Потоа, со текот на годините, тој имаше различни позиции во Рексам, Ковентри, Ливерпул и во репрезентацијата на Англија до 21 година.

Слични содржини