[РЕЦЕНЗИЈА] Пенелопе Круз во „Кралицата на Шпанија“ од Фернандо Туера

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Во филмот „Кралицата на Шпанија“  шпанскиот режисер Фернандо Туера не враќа во златните години на техно-колор филмот, 1950-тите, во времето кога Холивуд доаѓа во Шпанија. Ова е времето 1956 кога генерал Франко е на власт во Шпанија и тој им отвора пат на американските продуценти да можат да снимаат во Шпанија, за која тие се видно заинтересирани.Холивудскиот моќник Сем Спигелман  снима историски спектакл за шпанската кралица Изабела,ја започнува продукцијата со голем буџет, се фрлаат големи пари на сценографијата, костимите на глумците се раскошни и помпезни.Пенелопе Круз ја глуми Макарена Гранада , шпанска актерка која се вивнала во Холивуд и направила блескава кариера. После големиот успех во САД се враќа во Шпанија каде ги пронаоѓа своите бивши пријатели и колеги-актери, и со нив снима историски блокбастер за шпанската кралица Изабела.Таа ја толкува главната ролја-кралицата Изабела и е неодолива, брилијантна во таа улога, маѓепсува со својата убавина на вистинска шпанска жена.

Блес Фонтиверос е режисер кој ги прославил сите, им помогнал на доста актери да ги направат своите кариери, заслужен е и за кариерата на Макарена Гранада. Тој се нашол во нацистички логор во Матхаузен и отако е ослободен од логорот се враќа во Шпанија .Додека бил во логор прогласен е за мртов , неговата жена го раскинува бракот, го прогласува за неважечки и се мажи повторно . Блес се враќа во Шпанија и како дух од минатото ги шокира сите, своите пријатели,жена му која му забранува да присуствува на свадбата на нивната ќерка затоа што   веќе е  мртов во нивните животи. Тој од страна ја набљудува свадбата на неговата ќерка. Потоа повторно бива затворен во еден логор, камп , а неговите колеги на коњи, облечени во филмски, витешки костими му организираат филмско бекство од кампот на чело со Макарена Гранада,која е негова бивша љубовница и го праќаат во Франција .На крајот на филмот самиот генерал Франко ќе се појави на сетот, доаѓа кај филмаџиите и им се обраќа поединечно на сите глумци и на Макарена на која и вели дека не може да ја зароби само затоа што е државјанка на САД и има американски пасош , но дека знае за нејзината улога во ослободувањето на Блес Фонтиверос и поддршката на комунистите.

Фернандо Туера ни говори за времето кога комунизмот се разгорува не само во Шпанија,туку и во Америка  каде многу режисери и писатели  , симпатизери и членови на комунистичката партија се нашле на црната листа на Mc Carthy –Макарти и не можеле да работат во Америка. Таков е и Џон Скот-помошникот режисер на сетот и самиот  член на комунистичката партија на САД кој со гордост ја покажува својата партиска книшка.Ова е време кога во Шпанија врие шпанскиот слободарски дух наспроти фашистичкиот режим на генерал Франко. Макарена Гранада која се става во одбрана на слободата на Шпанија и притоа е храбра и неустрашива со право ја носи улогата на Кралица на Шпанија.Пенелопе Круз сјајно ја одигра улогата на Макарена Гранада, задоволство е да се гледа како ја одигра улогата на горда, слободарска Шпанка. Филмот е драма-комедија, исполнет со многу хумор, забавен,  кој можете со уживање да го изгледате.

С.В.