Рецепт: Ангели- Божиќни колачи

од Марта Пешевска
175 прегледи

Состојки:

500 гр брашно
250 гр шеќер
1 паковка ванила шеќер
250 гр путер
2 јајца
1/2 паковка пециво
1 паковка фондан во бои

Едни колачиња кои вредните рачиња на децата од градинките ги спремаат за Божиќ.Еве ги спремив и јас.

Се замесуваат брашното со путерот.

Се додаваат јајцата и останатите состојки.

Се меси убаво меко тесто, кое се остава да се излади во ладилник.

Кога тестото е ладно и стврднато, се развлекува кора и се вадат фигури на ангели.

Веднаш се редат на хартија за печење и се печат во загреана рерна.
ако не можете да стасате во изработката, вратете го тестото во ладилник.

Така нема да ви се пушти и ќе можете да го изработите убаво.

Откако ќе ја добијат злаатестата боја, вадете ги колачите.

Нека изладат добро.

Растегнете кора од фонданот и вадете делови за фустанчето,а потоа оформете му го и главчето на ангелчето.

Ги направив едноставно, без премногу декор.

Нас ќе ни ја збогатат новогодишната трпеза, а вие решете само дали ќе ги приготвите.

Извор: Мои рецепти