Состојки:
1 или 1 и 1/2 пакетче бисквити какви ви се допаѓаат
50 мл коњак
слатко што го љубите
За кремот:
1 голема кофичка павлака
2 пакетчиња ванила во прав
1 чаша шеќер во прав
4 јајца
2-3 лажици какао
Подготовка:
Во калап за торта, чинија или тава се ставаат бисквитите со тоа што додавате и кршени парчиња од нив. Потоа треба добро да ги испрскате со коњак. Поњакот може да се стави врз бисквитите слаткото.
Подготовката на кремот е чекор по чекор. Најнапред изматете ги белките до добивање на снег.
Одделно за кремот додадете шеќер во прав, ванила, какаото и жолчките. Измешајте добро и дури тогаш додадете ги белките. Со овој крем истурете врзбисквитите и ставете во фрижидер да се стегне. Може да декорирате со ореви или рендано чоколадо.