Состојки:
2 парчиња зрело авокадо
4 парчиња интегрален леб
сол и бибер по вкус
1 чешне лук
2 лажици маслиново масло
½ лажичка црвен пипер
Подготовка:
Изгмечете го авокадото, откако ќе го излупите и отстраните семето. Зачинете со сол и црн пипер.
Истријте ја секоја од страните на парчето тост со лукот. Малку намачкајте го парчето со маслиново масло. Посипете одозгора со малку сол и црвен пипер. Конечно богато намачкајте со изгмеченото авокадо.