Слатки кифлички за кои не ви е потребен квасец.
Состојки:
– 480 гр брашно
– 60 гр шеќер
– 250 гр густ јогурт
– 1 јајце
– 100 мл масло
– 2 лажички прашок за пециво
– 30 мл млеко
И повеќе …
– 20 гр мек путер за премачкување
– шеќер во прав и ванилин шеќер за посипување
Подготовка:
Соединете ги сите состојки и добро месете додека тестото не почне да се одвојува од садот.
Подгответе плех обложен со хартија за печење.
Тестото поделете го на два еднакви дела и развијте го во голем круг, дебел околу половина сантиметар.
Се сече на осум триаголници и се виткаат ролатите. Ставете ги на плех за печење.
Вклучете ја рерната да се загрее на 190 степени.
Кифличките премачкајте ги со малку млеко и печете додека не поруменат малку околу 25 минути.
Топли, премачкајте со путер и посипете со мешавина од шеќер во прав и ванилин шеќер.
На здравје!