245
Состојки:
120 г темно чоколадо
120 г маргарин
150 гр шеќер во прав
50 г какао во прав
3 јајца
1 лажичка ванилин екстракт
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. На водена бања стопете го маргаринот заедно со исеченото чоколадо. Кога состојките ќе се растопат може да ги одделите за да се изладат малку. Потоа додадете шеќер, ванила, какаото и јајцата.
Добиеното тесто истурете го во мал калап за торта или колач, кој претходно сте го измачкале со маргарин и сте го посипале со какао (наместо со брашно). Печете околу 10-15 минути. Пред да сервирате украсете со овошје или посипете со шеќер во прав.