[РЕЦЕПТ] Чорба грав без запршка

од Vladimir Zorba
3,6K прегледи

Производи:
250 гр бел/црвен грав
морков
кромид
шарена сол
1 домат
нане
селен
магдонос
лук
црвен пипер
сол
масло
Подготовка:
Потопете го гравот од вечерта. Во утринските часови, ја фрлате водата во која тој беше натопен и го миете под млаз вода. Варете го на шпорет под капак околу 20 минути.

Во длабоко тенџере со 2-3 лажици масло, запржете сецкан кромид, рендан морков и шарена сол. Додадете 1 лажица црвен пипер и 1 чаша сецкани домати, нане, селен, магдонос и 2 чешниња сецкан лук.

Нека мешавината врие на тивок оган околу 2-3 минути. Потоа истурете го во тавата со варен грав, додадете сол по вкус и мешајте без тргање на капакот уште 10-15 минути.