234
Состојки:
24 пишкоти
200 мл топло кафе
250 г чоколадо
3 кеси ванила во прав
1/2 лажичка инстантно кафе
200 г крем маскарпоне
Подготовка:
Во кујнски робот сомелете ги пишкотите. Сварете кафе и додека е топло прелијте ги со него искршеното чоколадо и добро промешајте за да се стопи. Ставете ги пишкотите во сад и додадете ги кон нив ванилата и инстантното кафе.
Промешајте и ставете ја чоколадната смеса, заедно со маскарпонето. Откако ќе се добие хомогена смеса, оформете мали топчиња и ставете ги во фрижидер за околу еден час.
Конечно фрлете ги во растопено или течно чоколадо, ставете ги во соодветен сад и повторно ставете во фрижидер.