167
Состојки:
1 коцка жив квасец
2 лажици сол
1 лажиче шеќер
400 мл вода
500 г брашно
150 г шеќер во прав
Подготовка:
Квасецот се раствора во малку топла вода. Откако ќе се раствори се додаваат солта, шеќерот, остатокот вода и брашното. Се замесува меко тесто.
Тестото се остава да нарасне. Потоа се обликуваат топчиња со големина и форма по желба. Пуштајте ги оформените мекици во загреано масло на силна температура.
Готовите крофни посипете со шеќер во прав и сервирајте.
Забелешка : Добро е маслото за пржење да е големо количество – толку за крофните да пливаат во него, за да се распоредат рамномерно и да не се лепат.