[РЕЦЕПТ] Колач со јаболка, суво грозје и ореви

од Vladimir Zorba
633 прегледи

Состојки:
4 јајца
300 г јаболка
250 г шеќер
250 г брашно
200 г маргарин
50 грозје
100 г мелени ореви по ваш избор
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажичка цимет
3/4 лажичка сода бикарбона
1 лажичка прашок за пециво6954850cb3ec2f487afa8c12f1e2942a

Подготовка:
Во сад измешајте ги сувите состојки. Стопете го маргаринот и одделно измешајте ги многу добро јајцата и шеќерот. Потоа додајте го и маслото. Добро измешајте и додадете ги и сувите состојки. Откако ќе се добие хомогена смеса може да се стави ванила, мелените ореви, сувото грозје и сецкани излупени јаболка.

Повторно промешајте и ставете го тестото во подмачкана и набрашнена тава (тркалезна или издолжена) или врз хартија за печење. Печете во загреана рерна на 180 степени додека не добие убава кора.