781
Состојки:
1 и 1/2 кг компири
1/2 чаша мајонез
1/4 чаша сецкани кисели краставички
3 лажици од сокот на краставички
1 лажица дижон сенф
1 голема глава црвен кромид
5 тврдо варени јајца
сол, црн пипер
магдонос за попрскување
Подготовка:
Исечете ги компирите како за салата и сварете ги. Потоа ставете ги во сад и додадете кон нив, исечени краставички и кромид.
Одделно промешајте го мајонезот заедно со сенфот и сокот од краставички. Ставете прелив кај компирите, зачинете со сол и црн пипер. Завршете ја салатата со исечени јајца.