Состојки:
3 домати изрендани
350 г свежи лигњи исчистени
1-2 лукчиња
црн пипер
магдонос сецкан, за попрскување
сол
2-3 лажици маслиново масло
Подготовка:
Во загреана тава се става маслото и откако ќе се загрее се додава лукот. Додадете рендани домати, сол. Мешајте често. Откако доматите ќе се сварат, се додаваат исечени на кругови лигњите. Се додава и свежо мелен црн пипер.
Ако лигњите се претходно приготвени, се оставаат за 2-3 минути најмногу во сосот од домати. Ако се свежи времето за термичка обработка се зголемува двојно. Не гответе ги лигњи повеќе отколку што е наведено во рецептот, бидејќи стануваат жилави.