84
Состојки:
3 парчиња лосос или друго рибно филе
1 чаша мајонез
неколку капки сок од лимон
неколку страка сецкан копар
1 чешне толчен лук
сол, црн пипер
Подготовка:
Во сад измешајте мајонез заедно со зачините и сок од лимон. Добро измешајте ја смесата и зачинете ја рибата со малку сол и црн пипер. Ставете ја во тава врз хартија за печење, а потоа намачкајте со мајонезовата мешавина. Печете во загреана рерна на 180 степени.