[РЕЦЕПТ] Мафини од мелено месо со краставички

од Vladimir Zorba
326 прегледи

Состојки:
500 г мелено месо
2-3 кисели краставички, сецкани
12 јајца
1 морков од маринада, сецкани на ситно
неколку маринирани печурки, сецкани
2-3 лукчиња
сол
ким
црн пипер
1 глава голем сецкан кромид
1/2 врска голем сецкан магдонос
сол
Подготовка:
Меленото месо се замесува заедно со кромидот, лукот, чубрица, кимот, црниот пипер и магдоносот. Потоа подмачкајте сад за мафини и со меленото месо оформете гнезда, со тоа што во секое ставате по малку од киселите краставички, морковот и печурките. За финале потчукнете по едно јајце и зачинете со сол и црн пипер.

Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Пред да сервирате оставете го јадењето да се излади за 10-15 минути.

Слични содржини