[РЕЦЕПТ] Мек јаболков колач со ореви

од Vladimir Zorba

Состојки:
1 и ½ чаши брашно
5 големи јаболка
1 и ½ чаши шеќер
5 јајца
1 прашок за пециво
1 чаша мелени ореви
1 ванила
8f24d3ca0501c8fdb2bdfe7fa8ec9cd9Подготовка:
Измијте ги, излупете и исечете јаболката на ситно. Поделете ги жолчките на јајцата од белките. Изматете ги со шеќерот со помош на миксер додека не се добие хомогенасмеса. Кон нив додадете ги внимателно брашното и прашокот за пециво. Промешајте и конечно додадете и ванила. Промешајте повторно и додадете исечени јаболка и мелени ореви. Промешајте, но овој пат со лажица за да се измешаат и овие производи со остатокот смеса.
Останатите белки изматете ги во снег. Додадете ги и нив кон смесата и повторно промешајте многу внимателно со лажица за да остане смесата мека. Истурете во соодветен калап за печење и печете во загреана на 200 степени печка за околу половина час.

Слични содржини