179
Состојки:
1 или 2 листови ладни теста
2 жолчки
течно чоколадо, слатко
свежо овошје
шеќер во прав
Подготовка:
Се шири тестото и сече неколку квадрати со димензии 10х10 см (или помали). Со помош на нож направете неколку резови на две од страните.
Во средината ставете слатко, чоколадо, свежо овошје, ореви, што сакате. Потоа намачкајте ги добиените краеви со жолчка и завртете ги една кон друга.
Одозгора исто намачкајте го со жолчка тестото. Печете во загреана рерна на 180 степени. Пред да сервирате, може да ги посипете колачите со шеќер во прав.