1,3K
Состојки:
1 чаша овесни снегулки
2 од средна големина јаболка
1-2 јајца
малку сол и малку шеќер
подготовка:
Час или два пред да ги направите овие палачинки, треба да отстојат во вода овесните снегулки, за да благо се надуат. Потоа ги исцедете ја вишокот вода и кон нив додадете рендани јаболка, јајцата, малку сол и малку шеќер.
Промешајте и во многу добро загреана тава со помош на лажица започнете да ставете од смесата додека да се оформи големина која ја посакувате. Служете ги палачинките со мед, џем, шеќер.