[РЕЦЕПТ] Печурки во масло со кромид, сланина и магдонос

од Vladimir Zorba

Состојки:
500 г печурки по избор
1 глава кромид
200 г пушена сланина
½ врска свеж магдонос
сол
црн пипер
1 мала коцка путер8ed56bee1bb551852bc3b593dd989e20

Подготовка:
По избор можете да ги оставите печурките цели, или да ги исечете, откако сте ги исчистиле. Исечете го кромидот на ситно, а сланината на коцки. Стопете го путерот на средна температура во тава и во него испржете ги кромидот и сланината. Откако ќе се испржат додадете ги и печурките.

Посипете со сол и бибер и измешајте добро. Гответе така уште десетина минути додека печурките станат подготвени. Малку пред да го извадите од огнот посипете со ситно сецкан магдонос и мешајте за последен пат.

 

Слични содржини