Состојки:
4 парчиња. пилешки гради
3 топчиња моцарела
100 г салама по вкус
сушено оригано
сирење чедар
3 лажици доматно пире
Подготовка:
Во пилешките гради направете по еден рез. Во секој засек ставете по малку доматно пире, парче моцарела и парче салама. Посипете со сушеното оригано и ренданиот чедар. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20-30 минути (врз хартија за печење).